Случајот со исчезнатата малолетничка од Скопје пријавен во полиција 

кое мајката објави на социјалните мрежи дека е исчезнато, е пријавено и во полиција.

Од МВР за Курир потврдуваат дека утринава добиле пријава во 08:35 часот.

-На 27.11.2023 година во 08:35 часот, З.Ѓ. пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземааат мерки за пронаоѓање на лицето, се вели во одговорот кој го добивме од МВР.

Мајката Зорица на Фејсбук објави дека утрово на нејзината ќерка Вања Ѓорчевска и се губи секаква трага.

-Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816, стои во објавата.

Screenshot / Facebook

Мајката на девојчето видно вознемирена за Курир вели дека утрово Вања била весела и расположена, и рекла дека ќе се слушнат после првиот час, но и се губи секаква трага.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons