30 ноември е неработен ден за државно вработените, на 29 ноември ќе се работи до 12 часот 

Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември (среда) ќе работат со скратено работно време до 12 часот, а 30-ти ноември (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува. Ова се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика и се нагласува дека е засновано на одлука на Владата од 14 ноември.

„Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека НЕ се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје. 

Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите. Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците . 

Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош  и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар Борис Трајковски и хотелот Александар Палас да ги спроведат заклучоците.

Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи“, се вели во соопштението.

 Фото: Сала Борис Трајковски

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons