Охрид се уште ја живее туристичката сезона – очекувањата се да биде надмината рекордната 2019-та година

Тренд на зголемување на бројот на туристи во земјава, очекувањата се да се надмине 2019 година.

Охрид со зголемениот број на туристи ја достигнува 2019 година која се смета за најуспешна со рекордни ноќевања. По ковид кризата во градот на големо се развива туризмот. Професорите од Факултетот за туризам сметаат дека разновидната понуда која се нуди за сечиј вкус привлекува туристи во текот на целата година.

Во градот се уште има странски туристи со најголем акцент на холандските кои на брегот на езерото ке одмараат до почетокот на ноември.

Добрите познавачи од областа на туризмот сметаат дека инвентивноста, иновативност и подготовките за идната сезона треба да продолжат за да имаме успешна туристичка година.

Статистички гледано во периодот од јануари до јули во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 25,33 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување од 1,2 проценти, додека кај странските има зголемување од 44 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons