Двајца луѓе се повредени во пожар во фабрика во Штип

Пожар изби во фабрика во индустриската зона во Штип, а според портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска примени се двајца пациенти со телесни повреди. 

„Во болницата се хоспитализирани двајца пациенти со телесни повреди, прегледани се од доктор Серафимов и доктор Николов, направени се компјутерска томографија и лабараторија“, вели Шуманска.

ТППЕ Штип информира дека добиле пријава околу 10 часот, а пожарот бил целосно изгасен околу 11 часот. Запалена била печка, а огнот ја зафатил и кровната конструкција. Засега не се знае колкава е материјалната штета. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons