Приватните превозници од денеска ќе го блокираат само Градот Скопје 

Приватните превозници од денеска ќе го блокираат само Градот Скопје.

По четиридневни целосни блокади на три клучни сообраќајни точки во главниот град претпладне во 10 часот почна преместувањето на автобусите на превозниците од крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст и сега протестот се одвива на бул. „Илинеден“ кај Град Скопје. Блокадата на  две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинден на потегот од Фонтана, до крстосницата до ГОБ „8 Септември“.

Приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ бараат од Град Скопје да се подмири долгот во износ од над 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за натамошно функционирање. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons