Топлото време изминатиот период го вжешти телефонскиот број на брзата помош 

Главоболка, ниска концентрација, проблеми со притисокот, колпаси се последица од ниските утрински и невообичаено високите дневни температури за овој период од годината.

Докторите велат дека граѓаните треба да ги следат прогнозите и да се облекуваат соодветно но и да земаат редовни течности. Ваквите промени значително влијаат и кај луѓето кои немаат никави хронични заболувања.

Исхраната е најважна свежа храна и течности и прошетки на отворено, вели докотро Трипуновска.

УХМР со анализа Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период од 1981 до 2010 година, годинашната температура беше за 0,4 степени Целзиусови повисока на ниво на држава.

Од ноќеска од УХМР најавуваат обилни дождови на некои места ќе наврне и над 35 литри на метар квадратен. Во недела ќе има значителн пад на дневните температури, а до понеделни ќе биде стабилно време.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons