Синдикатот на ССМ најави генерален штрајк ако не бидат повикани на средба во Владата

Синдикатот на нозе откако наместо средба за начелно договореното линеарно зголмеување на платите во јавниот сектор – добија одговор во колумна на министерот за финансии.

Револтирани поради ваквиот однос и поради тоа што со ребалансот ги нема најавените 2.800 денари плус, веќе договараат генерален штрајк. Од синдикатот на ССМ велат дека покана за средба со Владата ќе чекаат уште неколку дена, а потоа излегуваат на улица.

„ Незадоволство е огромно од ваквиот однос на Владата спрема нас. Во 5 до 12 да се утврдува и да се бараат изговори дека сега ќе правиме методологии и сега ќе бараме оценување,а веќе го има во секој закон, во секој колективен договор. Тоа само покажува колку владата ги почитува вработените и работниците во земјава. “ изјави Трпе Дејановски, УПОЗ.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во вчерашната колумна порача дека допрва ќе се подготвува методологија по која ќе се мери продуктивноста на вработените, па врз основа на тоа ќе се зголемуваат платите.

Универзитетскиот професор Борче Давитковски во ваквите најави гледа само купување време за административците да не добијат покачување. За Канал 5 вели дека нема политичка волја за конечно решавање на повеќегодишните проблеми во администрацијата…

„Ако се направеше анализа севкупна во јануар месец за сите вработени од 700 илјади… пензионери, социјална помош…мораше да се земе се предвид, сите чинители па потоа да се носи закон. Они зголемија на 300 евра минимална и се отвори пандорина ккутија и сега не знаат да излезат од оваа криза. “ истакна Борче Давитковски, универзитетски професор.

Владата на 21 април соопшти дека го започнала социјалниот дијалог со репрезентатитвниот синдикат, ССМ, за нов општ колективен договор со вклучено покачување на платите од 2.806 денари за сите во јавниот сектор, односно 4.333 денари бруто.

Освен тоа, најавено беше дека и во новиот колективен договор ќе се врати регресот за годишен одмор, односно К-15 за целиот јавен сектор во 2023 година. Но, се остана на тоа, а доколку Владата не го испочитува договоренот, од Синдикатот најавуваат дека од септември ќе бараат зголмеување за 18,4% – колку што порасна и минималецот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons