Починат мигрант пронајден кај преминот Богородица 

На меѓупросторот на коловозната лента на граничниот премин Богородица, синоќа, околу 2 часот по полноќ, билo забележанo лице – мигрант, без знаци на живот.

Како што информираат од МВР, лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица Гевгелија.

По наредба на обвинителот телото на починатиот било предадено на обдукција./Makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons