Казна од УЕФА за исвиркувањето на химната на Бугарија во Скопје

УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Македонија со 10.000 евра за исвиркување на химната на Бугарија, како и со дополнителни 4.500 евра за фрлање на предмети на теренот на натпреварот одигран помеѓу македонската и бугарската репрезентација на 26 септември во Скопје.

На фудбалски натпревар од Лигата на Нации сениорската репрезентација на Македонија беше домаќин против Бугарија на Арена Тоше Проески.

Громогласно беше пеена македонската химна за време на интонирањето, додека за време на бугарската беа упатени силни свирежи и негодувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons