Брисел инсистира на решение во јуни, Владата во Софија на „стаклени нозе“ 

Додека Брисел инсистира на решение со прашањето со Северна Македонија во јуни, Софија, која и натаму бара исполнување на своите услови, меѓу кои и внесување на Бугарите во Уставот пред почетокот на преговорите, се соочува со распаѓање на владината коалиција откако лидерот на партијата Има таков народ најави повлекување на нејзините министри од Владата, вклучително и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска. Во исто време, од македонска страна, министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа беше дециден оти ниту за нас, ниту за ЕУ, не е прифатливо во преговарачката рамка да влезе она што се разговара во Историската комисија и дека тоа не може да биде дел од преговарачкиот процес.

– Неприфатливо е прашањата кои што се однесуваат на Историската комисија да влезат во преговарачката рамка на земјава за членство во ЕУ, изјави министерот Османи, најавувајќи дека очекува денеска да се види со неговата на бугарска колешка, Теодора Генчовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons