Од декември можно поскапување на струјата и парното до 30%

Во ноември ќе се грееме по стара цена, од декември можно поскапување до 30%. Најголемиот производител на струја и топлинска енергија ТЕТО ги обезбеди потребните количини гас за следниот месец по стара цена. Наметнатата нова давачка од Бугарија за транзит на руски  гас, не е вклучена затоа што Гаспром не ја платил. Очигледно е дека одлуката за сега, нема да ја почитува Русија, вели првиот човек во Номагас, Реџепи. Но, ако остане на сила, од декември и парното и струјата би поскапеле од 20 до 30%.

– Според сегашните цени, кои во моментов се движат на берза, а тоа е  40 и 50 евра по мегават час, со зголемувањето од 10 евра за мегават, покачувањето ќе биде помеѓу 20 и 30%. Според овие цени, околу 24% новата давачка ќе влијае врз крајните потрошувачи, вели Бајрам Реџепи, директор на НОмагас.

За да не се случи нов ценовен удар, но и енергетската криза земјава мора да има алтернатива, односно да користи поевтин гас од други земји, вели Реџепи. Затоа, бараат од колегите во Бугарија да им ослободат  дополнителен капацитет на постоечкиот гасовод, кој Гаспром го има закупено 100%.

– Решението би било да се користи друг гас. Но, Гаспром го има закупено цел капацитет. Очекуваме оваа година да ни бидат потребни 370 милиони метри кубни, значи ќе ни фалат 190 милиони кубни метри гас да земеме од друг извор. Ако оние не го прават тоа, ќе ги гледаме правните можноти. За да се изнајде решение, во интензивна комуникација сме со ЕУ и енергетска заедница, за да се минимизира ефект врз крајните потрошувачи.

Освен ТЕТО, гас користат и најголем дел од фабриките лоцирани во зонаите. За да нема дополнителен удар врз  нив, и претседателот на Стопанската Комора денеска ќе бара од колегите од Софија закупените количини што не се користат,  да се ослободат, за да може да се снабдуваме поевтино од други земји. Инаку

На 13 октомври Бугарија воведе такса од 10,76 долари за мегават час за транзит на руски гас, кој го користат Македонија, Србија и Унгарија. Првите приливи од новата давачка очекува да им стигнат на 14 ноември.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons