Македонија трета во Европа по раст на бројот на летови

Земјава е трета по ред во Европа по бројот на дневни слетувања и полетувања според листата на Евроконтрол, европската организација за воздушна безбедност и контрола на летање.

Со зголемување за 20 проценти во споредба со 2019 година Северна Македонија со скопскиот и охридскиот аеродром се најде пред Словенија, Турција, Грција но и други земји.

Првото место на листата е резервирано за Албанија, а второто за Ерменија.

Оваа година се одбележуваат 27 години од отварањето на Обласната контрола на летање Скопје. Првиот авион кој беше воден од нашите контролори на летање беше на Изреалскиот Ел-Ал со дестинација за Тел Авив. Од тогаш за изминатите 27 години, контролата на летање се разви во модерен центар кој функционира согласно сите стандарди на Eurocontrol чија што членка сме од 1998г и Европска Комисија согласно ECAA agreement од 2006 г.

Од малата обласна сала со 25 метри квадратни, само еден радар и десетина лиценцирани контролори на летање кои со помош на колеги од Србија и Бугарија ги обезбедуваа услугите во почетниот период, денес М-НАВ располага со скоро сто контролори на летање и помошници контролори на летање, високо обучен технички и помошен воздухопловен персонал задолжени за безбеден, редовен и експедитевен сервис за летовите за аеродромите во Скопје и Охрид, како и прелетите на нашето небо. Сервисот се обезбедува со интегрирани податоци од 5 радари, од кои 3 на наша територија и по 1 од Грција и Бугарија, а податоците од нашите радари и комуникациски системи преку билатералните договори за соработка ги користат и соседните земји.

Во најфреквентните денови од летната сезона се опслужуваат повеќе од 1.000 летови дневно, а во 2019г. се регистрирани 230.160 лета кои ги користеле навигационите услуги на М-НАВ, што значи дека оваа бројка денеска е зголемена за 20 проценти, што значи дека имаме над 1.200 летови дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons