Универзитетските професори утре на протест 

Сојузот на синдикати на УКИМ ги повика членовите професори и останат кадар утре на протест пред ректоратот. Причина е непотпишаниот Колективен договор од надлежните со што се оневозможува зголемување на платите. Од Синдикатот бараат пораст на платите за 25% секоја година, во следните 4 години. Платите на редовните професори изнесуваат 38.000 денари, асистентите  добиваат 26.000 денари, а администрацијата зема околу 23.000 денари.

Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека е отворен за соработка и за дијалог со Синдикатот за високо образование.

– Како што имавме социјален дијалог за основно и за средно образование, отворен сум за соработка и ја очекувам со репрезентативниот Синдикат за високото образование, изјави Шаќири.

Тој рече дека со ребалансот на буџетот е предвидено професорите повисоки плати да имаат од септември, дека средствата се предвидени и таа постапка е почната од неговата претходничка Мила Царовска.

– Во ребалансот на буџетот, и од претходната министерка има почнато постапка, предвидени се средства за повисоки плати и во високото образование. Тие најавија дека ќе имаат мирен протест првиот ден, потоа очекувам, идната недела, да имаме состанок за да видиме пред јунската сесија да немаат последици студентите и да има разбирање за овој процес – рече Шаќири.

Шаќири додаде дека треба да се разговара за начините на финансирање кои се различни на високообразовните институции и дека ако добро се организираат буџетите, може да се постигне поголем успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons