Обвинение за полов напад врз дете во Кавадарци, за сторителот предложено и задолжително психијатриско лекување

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 19 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во периодот од 13.12 до 15.12.2021 година, во состојба на битно намалена пресметливост,  искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па се обидел врз неа да изврши полови дејствија. Оштетената го оттурнала и тој паднал на земјата, па делото останало недовршено.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Исто така, со оглед на тоа што со психијатриско вештачење беше утврдено дела делото е сторено во состојба на битно намалена пресметливост, јавниот обвинител му предложи на Судот, согласно член 525 од Законот за кривична постапка во врска со член 62 став 4 од Кривичниот законик, покрај изречената казна, на обвинетиот да му изрече и мерка – Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.​​

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons