Загина тракторист во струмичко Сачево 

Жител на селото Сачево на 69-годишна возраст денеска загина откако се здобил со повреди управувајќи го својот трактор.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, настанот бил пријавен во полицијата околу 12 часот.

„Загинатиот го управувал својот трактор во нива во село Сачево, се здобил со повреди по што починал на местото на настанот, изјави Трајанова.

Увид на местото каде загинал трактористот извршил јавен обвинител од ОЈО Струмица, увидна екипа на полицијата, а смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons