Дете загина во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

На 25.05.2022 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот, возило „рено клио” со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” – Скопје.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons