На дронот што вчера го погоди Киев пишува „Среќна Нова година“ 

Пораката „Среќна Нова година” е пронајдена на остатоците од иранскиот дрон кој беше соборен во Киев.

Украинското воено воздухопловство уништи 45 ирански јуришни дронови од руските сили на новогодишната ноќ, соопшти утрово Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.

Фрагменти од проектили уништени од украинските системи за противвоздушна одбрана оштетиле автомобил во центарот на главниот град, но нема прелиминарни повредени или жртви, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Наведено е дека на новогодишната ноќ руските сили ја нападнале Украина со беспилотни летала камикази од иранско производство Шахед-136, а украинската противвоздушна одбрана уништила 45 летала, пренесува новинската агенција Интерфакс.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons