Дончиќ испиша нова страница во историјата на НБА 

Кошаркарите на Далас маверикс на гости ги победија Сан Антонио спарс со резултат 126:125, а словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ испиша нови страница во историјата на НБА лигата.

Словенецот со 51 поен го предводеше својот тим до нов триумф и стана првиот играч во историјата на НБА со најмалку 225 поени, 50 скока и 50 асистенции во период од пет натпревари.

Вкупно Дончиќ мечот го заврши со 51 поен, девет асистенции и шест скока. Го следеа Кристијан Вудсо 25 коша и Тим Хардавеј со 14. На спротивната страна најрасположен беше Келдон Џонсон со 30 поени и четири скокови.

На табелата во Западната конференција Далас е на четвртото место (21-16), додека Спарси се на претпоследното 14 место (12-24).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons