Безуспешно заврши денешната потрага по жената што се фрли во Вардар 

Потрагата по 55-годишната жена од велешкото село Сојаклари која се фрли во Вардар денеска заврши безуспешно, а ќе продолжи утре.

Втор ден се трагаше по неа низводно по реката Вардар до сливот на реката Бабуна. Педесет и петгодишната жена на 31 декември во 35 минути по полноќ се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес. Претходно нејзиното исчезнување го пријави нејзиниот брат.

Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев,  најави дека од утре истрагата ќе биде засилена и со екипа од Единицата за специјални задачи при МВР, а има најави и за вклучување на екипи од Дирекцијата за заштита и спасување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons