Наставници протестираа пред СОНК незадоволни од зголемувањето на платите

Пред канцеларијата на СОНК се собраа стотина просветни работници кои не сакаат да заврши штрајкот во основното и средно образование.

Тие се незадоволни од договорениот процен на зголемување на платите од 12 отсто до кои како решение стигнаа вчера Владата и репрезентативниот синдикат.

Денеска членството треба да донесе одлука за прекин на штрајкот.. СОНК има закажан состанок во 16 часот и треба да одлучи дали понудата на Владата за зголемување од 12 отсто е прифатена, како и дали ќе биде прекинат штрајкот.

По состанокот на Советот на Синдикатот во 16 часот ќе биде познато дали утре учесниците и децата ќе се вратат во училиштата и градинките.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons