МакедонијаНајново

Поради семејно насилство, лишени од слобода три лица изминатото деноноќие

Поради семејно насилство, лишени од слобода биле три лица изминатото деноноќие на територија на државата.

Како што денеска информираа од Министерството за внатрешни работи, вчера во 17:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР – Велес лишиле од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава, дека ѝ се заканувал на неговата 33-годишна вонбрачна партнерка пред домот каде таа престојувала, а истото се случило и неколку дена претходно. Известени биле јавен обвинител и социјален работник и по документирање на настанот, како што соопштија од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 00:22 часот во СВР – Охрид е пријавено дека Х.В. од Охрид, во семејниот дом бил агресивен кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – појаснија од МВР.

Исто така вчера, во 13 часот во Тетово, полициски службеници од ПС – Тетово го лишиле од слобода Н.К., на возраст од 39 години, од село во општина Боговиње.

– Претходниот ден во 15:30 часот, тој бил пријавен од неговата 41-годишна сопруга дека во нивниот стан физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок – соопштија од МВР.

Денеска пак, во 00:10 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР – Свети Николе го лишиле од слобода Н.И., на 27-годишна возраст, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата мајка.

– По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок – додадоа од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons