Собранието ја укина Техничката влада
Со 70 гласа „за“ и 11 „против“ пратениците ги изгласаа измените на Законот за Влада со кои се укинува Техничката влада по наредните парламентарни избори, кога и тие да се одржат.
Измените кои ги предложи владејачкото мнозинство се спорни за опозициската СДСМ која обвинува дека по укинувањето на т.н. Пржинска влада, власта ќе спорведе изборна кражба.



