Над 70.000 руски војници загинале досега, тврди Украина 

Генералштабот на Украина ја објави својата последна проценка за руските загуби во војната, во која се тврди дека окупаторската војска загубила 71.200 војници во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, а само во изминатите 24 часа биле убиени 950 војници.

Во текот на изминатата недела, Русија според противничките воени власти, секојдневно губи околу 300-500 свои војници.

Според Генералштабот на украинската војска, Русија досега загубила и 2.672 тенкови, 5.453 оклопни борбени возила, 4.120 возила и цистерни за гориво, 1.724 артилериски системи, 383 повеќекратни ракетни системи, 197 системи за противвоздушна одбрана, 274 авиони, 252 хеликоптери, 1.412 дронови и 16 бродови.

Генералштабот не објавува податоци за украинските загуби.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons