Тракторист загина во страотен судир со автомобил во неготинско 

79-годишен тракторист загина вчера откако се судрил со автомобил „Сузуки“ во околината на Неготино, соопшти МВР. 

„На 29.10.2022 во 16.00 часот било пријавено дека на локалниот пат пред влезот во с.Калањево се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор “Фергусон ИМТ 539” со велешки регистарски ознаки, управуван од С.А.(79) од с.Криволак-неготинско и патничко моторно возило “Сузуки” со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(55) од Неготино. Во несреќата на местото на настанот починал С.А., а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобил возачот од патничкото моторно возило“, се вели во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons