ЖИТЕЛИТЕ ЗАГРИЖЕНИ: Преспанското езеро драстично намалено! 

Повлекувањето на езерото започна пред 20 години, но во последно време овој феномен стана повеќе од очигледен. Локалните мештани велат дека Преспанското езеро во 2019 година било до тука, пишува ТВ21.

Периодов е забележано и дополнително повлекување на водата, при што останаа само мали одвоени езерца..

Жителите велат дека причина за ова континуирано повлекување на водата се климатските промени, но и излевањето на Преспанското езеро во Охридското и од другата страна во Албанија.

Преспанското езеро е едно од најстарите во Европа, над 1 милион години. Жителите велат дека Владата треба да понуди решение за спречување на оваа појава и да интервенира час поскоро.

Премиерот, Димитар Ковачевски на прашањето на ТВ21 рече дека ќе преземат мерки. Во претстојниот период ќе се направат анализи како може да се спаси Преспанското езеро, увери тој.

Туризмот трпи големи штети поради намалувањето на водостојот на езерото, а концесионерите на плажите и угостителите секоја година се сведоци како Преспанското езеро им исчезнува пред очи. Според последните податоци, нивото на водата на езерото е намалено за 250-260 cm во 2020 година, а во 2022-ра за 330 cm. Поради повлекувањето на водата, брегот на езерото е проширено за 3,5 километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons