Милевски го објави списокот за мечевите со Молдавија и Црна Гора 

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот за престојните пријателски натпревари против Молдавија и Црна Гора, на него има еден повратник и еден дебитант.

На 22. март од 15:30 часот играме против Молдавија, а на 25. март од 18 часот ќе ги одмериме силите со Црна Гора. Двата меча се играат во Анталија.

Ново име на списокот на Милевски е напаѓачот на данскиот клуб Хвидорве, Лирим Ќамили, а повратник во составот е Дарко Велковски.

„Со нетрпение го очекуваме новиот собир по подолга пауза од последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Во Турција ќе патуваат 28 фудбалери. Сметам дека нема причина за некои поголеми промени. Остануваме со верба во играчите кои ги одиграа последните квалификации, со тоа што за прв пат го повикавме Лирим Ќамили од дански Хвидовре. Се работи за офанзивен фудбалер кој има континуитет на добри игри во својот клуб и сакаме да го видиме во репрезентативната средина“, вели Милевски.

„Натпреварите против Молдавија и Црна Гора ни се многу важни во подготовките за следните квалификации, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво. Треба да бидеме подготвени и полни со мотив, иако се работи за пријателски натпревари. На тренинзите и натпреварите треба да влеземе сериозно, одговорно и цврсто. Тоа ќе го барам од сите во тимот. Фокусот ќе биде на тактичките замисли и како треба да изгледаме во Лигата на нации, а тоа значи игра во која ќе бидеме рационални, паметни, агресивни, компактни и фокусирани“.

Собирот на репрезентацијата на Македонија е закажан во Анталија на 18. март. Натпреварите се играат на стадионот „Мардан“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons