Мбапе си игра шах со клубовите, можно е да остане во ПСЖ

Килијан Мбапе најави дека е можно да остане во Пари Сен Жермен, иако вели дека се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

Стрелецот на два гола против Лоријон вчеравечер, зачинети и со три асистенции во победата на ПСЖ од 5:1 вели дека се уште размислува.

„Секако дека може да останам во ПСЖ. Се уште не сум одлучил, иако има многу шпекулации и очигледно има многу луѓе што ја знаат мојата следна дестинација пред мене и пред мојата конечна одлука“, изјави Мбапе.

Пари Сен Жермен му нуди неверојатни 50 милиони евра годишна плата што би го направило најплатениот фудбалер на планетата и еден од најбогатите спортисти на планетата.

Интересе за едне од најдобрите офанзивци на планетата има пред се од Реал Мадрид, а потоа од уште неколку гиганти кои сакаат да го видат Килијан во своите редови.

Мбапе во јуни 2017 година го имаше вториот најскап трансфер во историјата на фуддбалот, а ПСЖ му плати на Монако 145 милиони евра со клаузула за уште 40 милини евра како бонуси.

Истото лето ПСЖ и плати 222 милиони евра на Барселона за да го купи Нејмар, што е број 1 трансфер во фудбалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons