Репрезентативецот Дарко Велковски има нов клуб

Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски, по неколку месеци без клуб по заминувањето од саудискиот тим Ал Етифак во третиот ден од новата 2024 пронајде нов ангажман и тоа во Романија.

Тој денеска е промовиран во нов фудбалер на Динамо Букурешт, каде што ќе остане најмалку до крајот на сезоната со можност соработката да биде продолжена. Велковски веднаш ќе отпатува во Анталија, каде што романскиот прволигаш се наоѓа на подготовки и ќе му се стави на располагање на тренерот Жељко Копиќ.

Динамо Букурешт во моментов е на претпоследното место на табелата во Романија со 16 бодови, дури седум помалку од Поли Јаши кој е првиот најблизок конкурент.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons