Матичните бараат повеќе термини преку „Мој Термин“ и за граѓаните кои живеат надвор од Скопје 

Потребна е цврста рака и јака контрола од страна на министерството за здравство врз „Мој термин“, сметаат од Здружението на матични лекари, за да се утврди колку се употребува и злоупотребува, дали специјалистите се пријавуваат на закажаниот термин и дали се достапни согласно Законот за работни односи. Пациентите најповеќе им се жалат дека термини нема, а и самите матични лекари не можат да им закажат специјалистички преглед. 

  • Ние да даваме упати, како што и претходно, пред „Мој термин“ ние дававме и сите беа услужени. Сега со „Мој термин“ има термини, ама малку се во однос на потребите на граѓаните. Сето ова кое што го имаме лоцирано го имаме пренесено до Министерот, но проблемите од неработењето на претходниците министри, толку многу се наталожени, што не можат да се решат во еден ден-изјави д-р Лидија Чолакова Дервишова, Здружение на приватни матични лекари.

Чолакова забележа и дека лекари специјалисти има, но главно се сконцентрирани во Скопје, а во внатрешноста болниците едвај функционираат.

  • Еве за Велес можам да кажам, кожен доктор немаме, еден очен имаме, ушен доктор немаме во болницата. Едноставно, десеткуван е кадарот во болниците. Ние имаме болници, но или апарати не работат или кадар недостига. Сите специјализанти кои што се пуштени, прашање е дали 10 до 20 % ќе се вратат во своите градови, заради тоа што сите лобираат и сакаат да останат на Клиника, што не е коректно спрема народот кој што плаќа здравство, додаде Чолакова

Во изминатите 3 години, околу 800 млади лекари ја напуштиле државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons