Скопјанка загина во тешка несреќа на скопската обиколница 

Вчеравечер на обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.В.(45) од с.Трубарево.

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала К.В.(40) од Скопје, сопатничка на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Со телесни повреди се здобиле Р.И. и сопатникот од возилото Е.К.(45) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, информираат од МВР.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons