Марија Шерифовиќ доби син?! Пејачката ја објави првата фотографија, го откри и името на бебето

Марија Шерифовиќ доби бебе

Како што пренесуваат медиумите од соседството, бебето на познатата пејачка Марија Шерифовиќ го роди сурогат мајка.

Бебето е родено на почетокот од декември, а пејачката сега на својот Инстаграм ја објави и првата фотографија.

Таа напиша и емотивна порака со која никого не остави рамнодушен, па го откри и полот и името на бебето.

„Се роди Марио. Сине, нека животот те води по најубавите патеки, а јас со својата љубов ќе те чувам од тага и луѓето“, пишува во својата објава пејачката и им се заблагодари на сите на бројните честитки.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons