Македонија доби место во Вселената, министерот Алиу вели следниот чекор е лансирање на сателит

Северна Македонија, денеска ги потпиша Финалните акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23), која се одржува во Дубаи.

Според министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.

„Процесот на координација за добивање на иста орбитална позиција во фиксната и радиодифузната сателитска служба беше долг, но на крај успеавме. Денеска Македонија има место и во орбитата. Нашата орбитална позиција од денеска е сигурна, следен чекор е лансирање на сателитот! Второто достигнување за нашата земја на конференцијата е Дигиталната дивиденда 3 со која се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6G) во пониски фреквенциски опсези.

Денеска, земји од целиот свет на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23) ја дефинираа дигиталната трансформација“, извести министерот Алиу.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons