КРУШЕВО, МАВРОВО, БЕРОВО ПОД „ДЕБЕЛА“ СНЕЖНА ПОКРИВКА: Најавуваниот снег падна и во Македонија 

Прекрасното Крушево со снежна покривка од над 30 сантиметри! Обилните врнежи од снег продолжуваат, па така и снежната покривка ќе се зголемува, објваи синоќа метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Под „дебела“ снежна покривка се и Маврово и Берово, за што Попоски објави и видеа. 

Во текот на оваа ноќ и утре (сабота) снежниот бран ќе се прошири во најголем дел од Македонија. Во градовите понекаде ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 сантиметри (може и повеќе), а на планините и на Скијаччките центри понекаде и над 50 сантиметри! Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час) – Поради ниските температури понекаде ќе има појава на голомразица, па токму поради ова на возачите им препорачуваме крајно внимателно да управуваат со своите возила, вели Попоски во последната прогноза за времето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons