Македонскиот тенисер Приходко во полуфиналето на турнирот на Златибор
Олег Приходко денеска во четвртфиналето на ИТФ 25 турнирот што се игра на Златибор, Србија, славеше против Адријан Андреев од Бугарија со 2:0 во сетови.
Приходко и двата сета ги доби со ист резултат 6:1 во меч кој траеше скоро еден час, или поточно 54 минути.
Во полуфиналниот дуел нашиот Дејвис куп репрезентативец ќе игра против Србинот Кристијан Јухас в сабота од 10.00 часот.
Јухас со 2:0 во сетови 6:3 и 6:2 го елиминираше петтиот носител на турнирот, Романецот Себастијан Гима.
Во второто полуфинале Французинот Александр Обрио ќе игра со победникот од дуелот меѓу првиот носител Марко Топо (АТП 345.) од Германија и шестиот носител Стефан Поповиќ од Србија.



