Калин со чудесен пресврт до четвртфинале во Франција! 

Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановскисо голем пресврт, веројатно еден од најголемите во историјата на македонскиот тенис го совлада Данил Глинка со 3:6, 7:6 и 6:1 на турнирот во Кретеј, Франција.

Во еден момент од мечот Калин губеше со 3:6 и 1:5, изгледаше дека Естонецот ќе го елиминира македонскиот тенисер, сепак Ивановски не се предаде и режираше чудесен пресврт. Од тие 1:5 за Глинка освои четири гема во низа и изедначи на 5:5 со што обезбеди тај брејк.

Веднаш во решавачкиот сет направи брејк и поведе со 3:0, па така си го олесни патот кон победата. Во третиот сет забележител беше психолошкиот пад кај противникот на Калин, а тој тој знаеше да го искористи за да го добие сетот со убедливи 6:1.

Четвтфиналето Калин го обезбеди за нешто повеќе од два часа и во него ќе игра против подобриот Тристан Ламасин и Давид Санчиз.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons