Чеферин одржа жесток говор: Мора да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот 

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин одржа жесток говор на отворањето на четиридневниот Конгрес на европските фудбалски навивачи кои се одржува во Манчестер. 

Главниот фокус Чеферин го стави на финалињата од капата на УЕФА. Не беше задоволен од организацијата на финалињата во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.

„Сите сме свесни дека во Истанбул не беше совршено. Секако дека не ги намалувам проблемите, но дозволете ни да продолжиме да работиме заедно со цел да ги подобриме работите кои можеме да ги подобриме. Пред се тука мислам на превозот до стадионот и назад, прифаќањето на публиката, пристапот до вода и тоалет за сите“, рече Чеферин па ги коментираше инцидентите меѓу навивачите на финалето од Конференциската лига во Прага каде играат Фиорентина и Вест Хем:

„Мора да го кренеме гласот, да ги бараме одговорните и да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот и нормалните навивачи. Да се ослободиме од ние кои ставаат омбраза меѓу фудбалските функционери, судиите, луѓето од УЕФА, федерациите и лигите. Тие што клеветат се фанови како вас. Го сакаат фудбалот како вас и имаат семејства како вас“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons