За три дена 71 случај на ковид-19, нема починати лица

Од направени 819 лабораториски тестови, позитивни на ковид-19 се 71 тест и тоа во следните градови: Скопје – 47, Прилеп – 9, Охрид – 3, Битола и Кичево – по 2, Куманово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 10 реинфекции. Регистрирани сe 86 оздравени пациенти. Најмногу активни случаи на заразата има во Скопје – 168 и во Прилеп – 24. Во другите градови има под 10 активни случаи, а во некои градови нема лабораториски потврдени заразени лица.

Во последните три дена направени се 819 тестови преку: ИЈЗ-86, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-20, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–47, Жан Митрев (Филип Втори)-5, Авицена-14, Биотек-21, Систина-11, лабораторија Лаор-8, Синлаб-3, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-7, Никоб Лаб-18, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-3, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-5, ГМ Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 458.

Досега во земјата се направени вкупно 2.183.292 тестирања, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons