ДКСК најави ревизија на регуларност на финансиските извештаи на Владата 

Во насока на зајакнување на интегритетот на институциите и зголемување на нивната транспарентност, радува фактот што Државниот завод за ревизија во Годинашната програма за работа на ДЗР за 2022 година по 13 години е планирана ревизија на регуларност на финансиските извештаи на Владата, соопшти денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

„Борбата против корупцијата и судирот на интересите е можна само преку заедничка соработка на сите институции. Од друга страна ревизијата на работењето на сите институции само ќе ја зголеми нивната транспарентност и интегритет во општеството“, стои во соопштението.

Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, како што се наведува, ќе ја интензивира и понатаму соработката со сите релевантни институции, бидејќи само со заеднички залагања можеме да очекуваме поголеми резултати. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons