Ивановски преку Италијанецот Бондиоли во четвртфиналето во Мадрид 

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со убедлива победа во два сета го совлада италијанскиот противник Федерико Бондиоли и се пласира во четвртфиналето на турнирот во Мадрид. 

Ивановски се наоѓа во одлична форма, активно учествува на турнирите низ Европа и реди победи. Негова последна жртва беше Бондиоли. Македонскиоте тенисер победи со 6-3 и 6-4 и се пласира во следното коло. Ивановски во четвртфиналето ќе игра против Алан Фернандо Рубио Фиерос кој направи изненадување елиминирајќи го првиот носител на турнирот, Адриа Сориено.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons