Свет

Знаете ли кој клуб ќе има најмногу претставници на Мундијалот?

Многу европски клубови имаат голем број претставници на Светското фудбалско првенство.

Сепак, Манчестер Сити ќе биде клубот со најмногу претставници на Мундијалот.

Дури 19 негови фудбалери се најдоа на списоците на своите репрезентации. Англискиот гигант го надмина рекордот на Баерн Минхен од Мундијалот во Катар 2022, кога баварскиот состав имаше 17 репрезентативци. Интересно е што и во 2018 година токму Сити беше клубот со најголем број учесници на Светското првенство. Овој податок уште еднаш потврдува дека Манчестер Сити располага со еден од најквалитетните и најмоќни состави во светскиот фудбал.

На второто место е токму Баерн Минхен со 18 репрезентативци, додека по 17 ќе имаат Арсенал и ПСЖ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons