Спорт

Андреева ја исфрли Костјук за прво финале на Ролан Гарос

Мира Андреева продолжува да блеска на Ролан Гарос и обезбеди место во големото финале на престижниот Грен слем турнир во Париз.

Младата руска тенисерка во полуфиналето беше убедлива против Марта Костјук од Украина, славејќи со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-3 по само еден час и 17 минути игра.

Осмата тенисерка на ВТА листата целосно го контролираше мечот и не ѝ дозволи на својата ривалка да се надева на пресврт. За Андреева ова беше прва победа против Костјук во нивниот трет меѓусебен дуел. Поради односите меѓу Русија и Украина, натпреварот привлече дополнително внимание, но на теренот Андреева беше таа што го диктираше темпото и заслужено стигна до борбата за титулата.

Во финалето руската тенисерка ќе игра против победничката од дуелот меѓу Дијана Шнајдер и Маја Хвалинска. Финалниот натпревар е закажан за в сабота со почеток од 15:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons