ДУРИ ШЕСТ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА, возилата се судриле утрово во 4.35 минути 

Тешка сообраќајна незгода се случила рано утрово во централното градско подрачје при што биле повредени шест лица. 

Како што соопштува Министерството за внатрешни работи, денеска во 04:35 часот било пријавено дека во Скопје нa улица „Беласица“, пред крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Д.М.(37) од Скопје, а другото управувано од Н.Ѓ.(39) од Скопје.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во второто возило А.С.(48) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи како и сопатниците од двете возила С.В.С.(47), А.Д.(36) и С.Т.(24), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје – соопштуваат од МВР. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons