Штип бара локален референдум 

Штипјани ќе се изјаснуваат за уште едно прашање – дали средстватата од самопридонесот ќе може да се пренаменат за реконструкција на дотраената водоводна мрежа, ако има референдум за последниот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Локалната самоуправа ќе побара да се изјаснат и дали се согласни да се пренаменат парите од самопридонесот во висина од 1 милион евра, кои со децении се замрзнати на трезорска сметка, а беа собрани за изградба на брана на Козјачка река, која никогаш не се изгради.

Иницијативата ја поддржува и градоначалникот на Штип Иван Јорданов, кој смета дека со тоа ќе се заштедат пари и средствата од самопридонесот на граѓаните што со години стојат во банка без да се оплодуваат конечно ќе бидат искористени за општо добро на сите граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons