Денеска облачно со пообилен дожд, во некои делови снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер.
Дневните температури ќе се движат од 3 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови врнежите од дожд да преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи претежно од снег, а во пониските места долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Дневните температури ќе се движат од 0 до 8 степени



