Минималната плата порасна но синдикатите бараат усогласување на останатите плати

Зголемувањето на минималната плата е направено согласно новата методологија за усогласување донесена во 2022 година по преговорите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Согласно новата методологија, минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата, изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска по денешната одлука на Економско-социјалниот совет минималната плата од април да изнесува 20.175 денари. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги повикаа работодавачите да ги усогласат останатите плати со висината на минималната плата. 

„Сакаме да ги повикаме работодавачите и во приватниот и во јавниот сектор да најдат сили и начин да ги усогласат платите и на останатите вработени за да не дојде до урамниловка каде нема да имаме силно мотивирани работници туку ќе имаме работници кои ќе се споредуваат едни со други за тоа колку плата земаат“, изјави Златко Цветковски од ССМ.

Зголемувањето на минималната плата е направено согласно новата методологија за усогласување донесена во 2022 година по преговорите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

За вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, денешното зголемување на минималната плата е показател како преку системско решение и дијалог се утврдува минималната плата. 

„Се радувам што дојде денот кога дефинирањето на минималната плата веќе не е предмет на преговори, кавги, уцени и купување на политички поени. Денеска на Економско социјалниот совет каде преку дијалог со синдикатите и работодавачите во 2022 година се договривме за системко решение и нова методологија за постојан раст на минималната плата, денес ја утврдиме сегашната минимална плата“, изјави Битиќи.

Од Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) изјавија дека поддржуваат системски решенија и дека секогаш се за тоа да се мотивираат и наградуваат добрите работници. 

„Ги поддржуваме добрите, продуктивните работници и се стремиме нашите вработени да имаат добра куповна моќ. Ова законско решение е веќе стокмено и немаме потреба да разговараме понатаму за негови измени, меѓутоа мора да разговараме во една друга насока, а тоа е да имаме попродуктивни работници, да имаме млади луѓе кои ќе бидат задоволни и млади луѓе копи ќе сакаат да работат во приватниот сектор“, рече Владанка Трајковска, претседателка на ОРМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons