ГОТОВО Е: Трансфер вреден 25 милиони евра – Елиф Елмас со “6-ка” на дресот на Лајпциг 

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас веќе ги договорил условите за трансфер во РБ Лајпциг. Откако се појави информацијата дека Наполи прифатил преговори со Бундеслигашот, вечерва од наши извори стигнува и информација дека се е готово.

Елмас во новиот клуб ќе игра во дресот со бр. 6 и ќе направи рекорден трансфер за еден наш фудбалер. Висината на трансферот ќе биде 25 милиони евра, сума која веќе е ставена на маса и која Наполи ќе ја прифати за Елмас во јануари.

Германските медиуми споменуваат дека нашиот репрезентативец доаѓа кај „биковите“ како замена за легендарниот Форсберг, а ќе биде трениран од поранешниот соиграч на Николче Новески во Мајнц, Марко Розе.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons