Спорт

Македонските одбојкари во три сета го победија Косово

Одбојкарската репрезентација на Македонија дојде до третата победа во Европската лига откако со 3-0 (25-12, 25-19, 27-25) го совлада Косово на мини-турнирот кој се игра во Приштина.

Македонија ептен убедливо го доби првиот сет, беше 25-12 за нашата репрезентација. Домаќините во вториот сет беа нешто подобри, па освоија 19 поени.

Се чинеше дека нема да имаме проблеми и во третиот сет, но Косово пружи голем отпор. Во еден момент тие имаа предност од 23-17, но Македонија во финишот направи фантастична серија и го доби сетот со 27-25.

Никола Ѓорѓиев беше најефикасен во нашиот национален тим и воопшто на мечот со 15 поени, а Илиев додаде 11. Во вториот меч од турнирот во Приштина, Македонија утре се среќава со Израел кој досега е со максимален ефект од четири натпревари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons