Исланд: Силна вулканска ерупција во близина на Рејкјавик, тече силна лава 

По неколку недели интензивни земјотреси, се случи вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес на југозападниот дел на Исланд. Околу 4.000 луѓе беа евакуирани од рибарскиот град Гриндавик, кога беше затворена и блиската геотермална бања Blue Lagoon.

Ерупцијата започна северно од градот во 22:17 часот по локално време, соопшти исландската метеоролошка служба.

Од крајот на октомври интензивни земјотреси го погодија регионот околу главниот град Рејкјавик. Метеоролошката служба наведува дека ерупцијата започнала на четири километри северно од Гриндавик и се движи кон градот.

Сликите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат лава како избива од вулканот само еден час по снимениот земјотрес.

Ерупцијата може да се види и од Рејкјавик, кој е на околу 42 километри североисточно од Гриндавик.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons