Во Јемен 19 милиони луѓе нема да имаат доволно храна 

Јемен се соочува со катастрофален глад. 

Oд Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО)  велат дека Јемен се движи кон на работ на „директна катастрофа“. Во втората половина од годинава ќе биде уште полошо. Се смета дека рекордни 19 милиони луѓе најверојатно нема да можат да ги задоволат минималните потреби за храна. Околу 2,2 милиони деца се сериозно неухранети, а околу половина милион од нив се во опасна животна состојба.

„Доколку веднаш не добиеме значителни нови средства, ќе следи масовен глад“, изјави извршниот директор на Светската програма за храна, Дејвид Бисли.

Граѓанската војна што од 2014 година се води во Јемен, предизвика една од најтешките хуманитарни кризи во светот.И претходните години имаше информации дека по 14 милиони луѓе во оваа земја гладуваат. Катар лани донираше 100 милиони долари за напорите за спречување на гладот во Јемен. 

foto freepik.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons