30 кинески авиони упаднаа во воздушниот простор на Тајван 

Кина испрати 30 авиони во зоната за воздушна одбрана на Тајван, вклучувајќи 20 ловци. Ова е најголемиот упад од 23 јануари, кога 39 авиони влегоа во таканаречената „зона за идентификација” на противвоздушната одбрана на островот. Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека поради инцидентот активирало ракетен систем за воздушна одбрана.

Пекинг ги засили упадите во зоната за воздушна одбрана на Тајван во последниве години за да покаже незадоволство од Тајпеј и неговата политика на зајакнување на самостојноста. Тајван живее под постојана закана од кинеска инвазија. Пекинг ја смета територијата за своја и вети дека ќе ја врати, доколку е потребно и со сила.

Тајван забележа рекордни 969 кинески воздушни упади минатата година, двојно повеќе од 380 регистрирани во 2020 година.

За само еден ден на 4 октомври 2021 година, 56 кинески авиони упаднале во воздушната зона на Тајван. Тајван забележал 465 упади во воздушниот простор од почетокот на оваа година, што е речиси 50 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons